Селекторот на фудбалската репрезентација на Велс Рајан Гигс реколд дека најголемо влијание на неговата тренерска кариера имал Луј Ван Гал. Гигс му беше помошник на Холанѓанецот две сезони во Манчестер Јунајтед.
„Како играч работев со многу тренери, но најмногу научив од Ван Гал. Тоа ми беше прва тренерска улога, со многу одговорност. Кога сте играч гледате видео снимки од противникот седум-осум минути, додека кога сте тренер тоа се часови и часови работа“, рекол Гигс.
Велшанецот зад себе има и исклучително успешна соработка со Алекс Фергусон.
„Некои работи „украдов“ и од Фергусон. Но кај Ван Гал од прва рака можев да видам различни системи, пристапи, причини зошто се игра вака или онака…Тоа за мене беше драгоцено искуство“.
Гигс (46) во јануари 2018 година стана селектор на Велс. Со националниот тим ќе игра на ЕП во 2021 година.