Top Sport

Гигс нема да го предводи Велс на наредните три натпревари

Селекторот на Велс нема да ја предводи репрезентацијата на трите натпревари во ноември, објави Фудбалскиот сојуз на Велс.

Легендата на Манчестер Јунајтед, во неделата бил уапсен, под сомнение дека физички ја злоставувал својата девојка. Гигс, бргу по апсењето, бил пуштен со кауција, тој негира дека ја тепал својата девојка Кети Гривил.

„Фудбалскиот сојуз на Велс и селекторот Рајан Гигс донесоа заедничка одлука тој да не го води тимот во претстојниот циклус на натпревари“, се наведува во соопштението.

Велс на 12.ноември ќе одигра пријателски натпревар со САД, а потоа на 15 и 18.ноември ќе игра во Лигата на нации против Република Ирска и Финска во Кардиф.

Велс, на овие три натпревари ќе го предводи помошникот на Гигс, Роберт Пејџ.

Scroll to Top