Top Sport

Гигс „тера“ дисциплина во Велс – само еден автомобил, нема голф, нема безбол капи

Рајан Гигс од неодамна е новиот велшки селектор, а турнејата во Кина покрај убедливата победа над Кина (6:0) и поразот од Уругвај (0:1), неговиот играчи ќе ја запаметат по новата дисциплина која ја „тера“ легендата на Манчестер јунајтед.

Гигс им наредил на репрезентативците, посебно на Герет Бејл, да возат само еден автомобил за да не ризикуваат повреда на тетивите, им забранил играње на голф, ригорозно го казнувал доцнењето на тренинг, а можеби најиронично, фудбалерите не смеат да носат безбол капи – на собирот на репрезентацијата мора исклучително да се доаѓа во костум.

Останува да се види дали оваа дисциплина ќе донесе резултати.

Scroll to Top