Навивачите на Манчестер Јунајтед се надеваа дека на „Олд Трафорд“ ќе дојдат Џејдон Санчо, Џек Грилиш или Дају Упамекано, но првото засилување за „ѓаволите“ во новата година ќе е не толку атрактивно. Во Манчестер доаѓа 19-годишниот Еквадорец, Мојсес Каиседо.
Според дел од британските медиуми, тој за 5 милиони евра ќе прејде во редовите на Јунајтед.
Се чини дека англискиот Брегзит ги исплаши „ѓаволите“, па реагираа брзо затоа што доколку Британија излезе од ЕУ, играчите постари од 18 или 19 годин тешко ќе добиваат виза за на Островот.
Индепендиенте, сегашниот клуб на Каиседо, се обидува да уфрли во договорот премии и проценти, но се чини дека се ќе биде договорено во наредните неколку часа.
Јунајтед беше побрз од Милан, односно од Лајпциг кои беа заинтересирани за репрезентативецот на Еквадор.
Антонио Валенсија го „скрши мразот“ во Манчестер, Каиседо ќе биде вториот играч од оваа јужномериканска земја во овој клуб.