Јунајтед синоќа сред Париз го победи ПСЖ со 2-1 во 1. коло од Лигата на шампиони. Со тоа заокружи победничка серија каква што нема во 142 години постоење.
Иако во Премиерлигата играат топло-ладно, Манчестер Јунајтед вчера победи на 10 гостување по ред.
Ако се гледа серијата без пораз, таа е уште поимпресивна. Единствените два гостински неуспеси, „ѓаволите“ ги доживеаја на почетокот на годинава кај Арсенал и Ливерпул со по 2-0.
Надвор од „Олд Трафорд“ Јунајтед го загуби и полуфиналето во Лига Европа против Севилја, но целата завршница на ова натпреварување се играше на неутрален терен, во Германија.
Последен пат играчите предводени од Солскјер како гости не победија пролетоска кога кај Тотенхем одиграа 1-1.
10 – Manchester United have won 10 consecutive away games in all competitions for the first time in their history. Perfect. pic.twitter.com/ss5j9cD8oU
— OptaJoe (@OptaJoe) October 20, 2020