Top Sport

Ѓонлиќ е најмладиот тренер со А-лиценца на светот

Со прекар „Мини-Мурињо“, Ејдин Ѓонлиќ стана најмладиот носител на „УЕФА А“ лиценца за тренери и на 22 години вели дека еден ден ќе стане тренер во англиската Премиер лига.

Ѓонлиќ е роден во Норвешка од родители од Босна и Херцеговина, и рано сфатил дека неговите квалитети како фудбалер се ограничени, и наместо тоа се фокусирал на тренерската работа. На 15 години ја добил „УЕФА Ц“ лиценцата, по што се пресели во Англија за дополнителна едукација. Оваа година тој замина во Босна и Херцеговина, каде што работеше за добивање на А-лиценцата. Ѓонлиќ патуваше со босанскохерцеговската репрезентација на Светското првенство во Бразил во 2014 година, и беше дел од составот на БиХ за пријателскиот меч со Шпанија оваа година.

„Станав тренер бидејќи иако сакам да играм фудбал, не секогаш е најважно да станеш фудбалер. Сфатив дека сакам нешто поинаку.Читав за Жозе Мурињо и другите кои рано станале тренери и сакав да бидам помлад од него. Почнав со локалниот клуб во Норвешка и продолжив“, вели Ѓонлиќ.

Тој вели дека во Англија добил доста понуди да работи со академиите на премиерлигашите, но дека сака да биде подготвен за вистинсакта работа.

„Арсенал и Тотенхем ми понудија да работам со нивната академија додека учев за тренер. Но, не го сакам тоа, бидејќи сакав да добијам диплома и да не губам време. Студирав на универзитетот во Саутемптон, каде што добив теоретска и практична обука“, објаснува Ѓонлиќ.

Дали прекарот „Мини-Мурињо“ е оправдан?

„Прочитав сè што можев за Мурињо и го гледав, бидејќи тој имаше сличен пат како мене. Но, тука е и Јирген Клоп. Тој има револуционерни идеи во начинот на менаџирање на клубот. Исто така морате да го почитувате Сер Алекс Фергусон, најголемиот тренер во историјата. Тука е прагматизмот на Мурињо, идеализмот на Клоп и лидерството на Фергусон. Ако ги споите тие три работи го имате совршениот тренер“, вели Ѓонлиќ.

Scroll to Top