Top Sport

Ѓургарден до шведскиот куп, фановите го „запалија“ стадионот (видео+галерија)

Ѓургарден, еден од најславните шведски клубови ја освои првата титула по 13 години, откако во финалето на Шведскиот куп со 3:0 ги совладаа лутите ривали Малме.

Јакоб Уне-Ларсон им донесе водство на Ѓургарден на почетокот на полувремето, пред Керим Мрабти да зголеми на 2:0 на почетокот на второто полувреме.

Џонатан Ринг во 80-тата минута постигна гол за 3:0, а финишот на мечот беше одбележан со слегување на дел од фановите на Малме на теренот по што судијата го прекина мечот. Пет минути подоцна, кога ситуацијата се смири, Ѓургарден го комплетираше мечот и ја освои првата титула од 2005 година.

За актуелниот шампион Малме, ова е уште еден удар, откако сега мора да се искачи од осмото место на табелата со надежи за квалификување во европските купови.



Scroll to Top