Top Sport

Ѓуровски: Штета, БиХ ме бараа во погрешно време

Легендарниот македонски фудбалер и тренер, Бошко Ѓуровски се најде во центарот на вниманието во Босна и Херцеговина, откако ФС на Република Српска го предложи како еден од кандидатите за селектор на БиХ.

Членот на четиричлената комисија за избор на селектор, Звјездан Мисимовиќ изјави дека контактирал со Ѓуровски, но дека 55-годишниот Македонец се заблагодарил на интересот, но веќе имал ангажман од Јапонија. Во интервју за босанскохерцеговскиот портал „Спортспорт.ба“, Ѓуровски вели дека го врзуваат убави спомени од БиХ, но дека е доцна за преговори.

„Не бев изненаден кога ме контактираа од БиХ. Барав нова работа, но само еден ден пред повикот од Босна и Херцеговија се договорив со Јапонија. Ќе беше чест да ја водам БиХ. Штета што не остваривте пласман на СП. Имам убави спомени од Сараево, посебно кога играв за Црвена звезда. Сарајлиите секогаш беа одлични домаќини“, вели Ѓуровски.

Ѓуровски неколку пати беше тренер на Црвена звезда, во Јапонија работеше со Нагоја Грампус, а беше и македонски селектор од 2013 до 2015 година.

Scroll to Top