Top Sport

Гладбах ја прекинаа лошата серија со победа над Штутгарт

Борусија Менхенгладбах се намачи, но стигна до 3:1 победа на Штутгарт за прво славје по три меча во првиот дуел од 13. коло во германската Бундеслига.

Повратникот во тимот на Даниел Фарке, Јонас Хофман го отвори резултатот во 4. минута од мечот, а одличниот старт за домаќините го потврди Маркус Турам со вториот гол во 25. минута. Сепак, гостите успеаја да ја намалат разликата во финишот на првото полувреме, преку Тијаго Томас во 35. минута од мечот. Во второто полувреме немаше голови и иницијативата беше кај Штутгарт, кои не успеаја да стигнат до израмнување, за замената Патрик Херман во 94. минута да ја потврди победата.

„Ждребињата“ сега се на седмото место на табелата со 19 поени, додека Штутгарт се само 15. со 11 поени, четири поени над зоната за испаѓање.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top