Top Sport

Главна цел на Јувентус ова лето се Локатели и Влаховиќ

Новиот спортски директор на Јувентус, Федерико Керубини во соработка со повратникот на клупата, Масимилијано Алегри веќе ги лоцирале главните цели на „бјанконерите“ оваа сезона – носењето на Мануел Локатели и Душан Влаховиќ во Торино, тврди „Тутоспорт“.

Околу Мануел Локатели подолго време се шпекулира дека е многу блиску до трансфер во Јувентус, и клубот сака бргу да се договори со Сасуоло за фудбалерот од средниот ред бидејќи за него има повеќе заинтересирани страни. Алегри кратко работеше со Локатели додека тој беше фудбалер на Милан во 2013/14 и честопати го споменуваше како еден од најталентираните италијански фудбалери.

Околу српскиот напаѓач на Фиорентина, Душан Влаховиќ, ситуацијата не е толку јасна, бидејќи Виола не сака да ги налути своите навивачи со продажба на фудбалер на својот лут ривал, а за одличниот напаѓач се заинтересирани и повеќе англиски клубови.

Scroll to Top