Top Sport

Главната цел во јануари за Барса останува Адама Траоре

Барселона во јануари сака да го склучи договорот со Вулверхемптон и да го врати Адама Траоре во каталонскиот клуб, но договорот зависи со ситуацијата околу Усман Дембеле и неговото потенцијално заминување од „Ноу Камп“, тврди „ЕСПН“.

24-годишниот Дембеле ги одработува последните 6 месеци од договорот со Барса и одбива да потпише продолжување, добивајќи порака дека мора да замине ако не се согласи на условите на клубот. Според „Диарио спорт“, агентот на Дембеле, Муса Сисоко се сретнал со тренерот Чави Ернандез и со спортскиот директор Жорди Кројф, убедувајќи ги дека тој планира да го продолжи договорот, ако тој е на пет години.

Ова значи дека последната недела од преодниот рок на Барса зависат од Дембеле поради „селери капот“ на Ла лига. Ако тој потпише нов договор, каталонскиот клуб ќе може да ги прераспредели исплатите и неговата плата на повеќе рати, оставајќи простор за засилувања.

26-годишниот Траоре, кој кариерата ја почна преку „Ла масија“, академијата на Барса, би бил достапен за 20-тина милиони евра, бидејќи клубот има одлични врски со премиерлигашот, каде што ги продаде Нелсон Семедо и Франциско Тринкао.

Scroll to Top