Спонзорите на фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, Најки и ЕА Спортс, изкажале загриженост бидејќи во САД е отворена истрага против Португалецот. Изминативе денови медиумите се полни со информациите дека Роналдо во 2009 година ја силувал Кетрин Мајорга.
Познатиот американски производител на спортска опрема и компанијата која креира спортски видео игри се огласија со соопштенија во кои се велид ека „внимателно ја следат ситуацијата“.
„Загрижени сме од вознемирувачките тврдења, ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата“, стои во соопштението од Најки, а на сличен начин се обратија и од ЕА Спортс.
„Загрижувачки е извештајот по повод обвинувањата дека Роналдо силувал девојка. Очекуваме од нашите спортисти и амбасадори да се однесуваат согласно вредностите на ЕА Спортс“.
Мајорга го обвини Португалецот дека на 13.јуни 2009 ја силувал во апартманот во Лас Вегас, во кој престојувал и дека една година подоцна, за да го купи нејзиното молчење, Роналдо и платил 370.000 долари.
Осум години подоцна даа решила да излезе во јавноста и решила да поднесе тужба. Роналдо изјави дека „веста е лажна“ и дека Американката сака да стане славна користејќи го неговото име.
Инаку, Најки и Роналдо соработуваат уште од 2003 година, а последниот договор што го потпишале пред две години вреди речиси една милијарда долари. Португалецот е заштитно лице и на популарната ФИФА 19 игра, на ЕА Спортс.
Доколку американските власти го прогласат за виновен, Роналдо ќе остане без богатите спонзори. Компаниите имаат право да раскинуваат договори кога нивниот углед е нарушен од заштитното лице на брендот.