Top Sport

Глејзер: Долгот на Јунајтед нема да влијае на трансферите

Ко-претседателот на Манчестер јунајтед, Џоел Глејзер инситира дека долгот на клубот и исплатата на дивидендите на сопствениците нема да имаат влијание на трансферите ова лето, тврди порталот „Гол“.

Семејството Глејзер е постојано критикувано од преземањето на клубот во 2005 година, по што долгот на клубот порасан на стотина милиони фунти. И покрај ова, клубот исплати над 100 милиони фунти во дивиденди, но на минатомесечниот состанок со навивачите, тој инсистирал дека нема да има промени во правецот на водење на клубот.

„Знам дека има различни мислења околу тоа, но севкупно сметаме дека Манчестер јунајтед е клуб кој добро се управува. Успеавме да трошиме колку што трошат и најголемите клубови во Европа, билетите за гледачите не се зголемени 10 години. Да, исплативме дивиденда, но тоа е помалку од 3 отсто од трошоците. Тоа никогаш не пречело да се прават трансфери“, изјавил Глејзер.

Scroll to Top