Top Sport

Глејзери го остварија ветеното – во јануари почнуваат со работа со навивачите

Газдите на Манчестер јунајтед го остварија ветеното, поставувајќи го новиот Советички борд на навивачите (ФАБ), кој ќе почне со работа од јануари, а на првиот состанок ќе присуствува и Џоел Глејзер.

Семејството Глејзер најави подобри односи со своите навивачи по фијаското со проектот за Европската Суперлига во април и ветија дека навивачите ќе имаат поголем глас во одлуките на бордот на клубот. ФАБ ќе функционира како група за консултација за долгорочните планови на клубот.

„Ова е историски чекор да се осигура присутност на перспективите на навивачите и да се сфати ивниот глас. Со ова ќе го подобриме процесот на носење на одлуки и ќе спречиме конфликти со навивачите за најважните работи во клубот“, изјави Колет Роуч, генералната директорка на Јунајтед.

Ко-претседателит на ФАБ ќе бидат Кристофер Сад, искусен адвокат и долгогодишен навивач на Манчестер јунајтед и Ричард Арнолд, директорот за менаџмент на Јунајтед. Други двајца членови на навивачите, Јан Стирлинг и Рик Мекгах ќе бидат исто така во бордот, заедо со Џонатан Деич и Данкан Драсбо, членови на Трастот на навивачи на Јунајтед. Последните два члена ќе бидат Дебора Хенри, претседателка на женските навивачи на Јунајтед и Оли Винтон, долгогодишен навивач на Јунајтед.

Scroll to Top