Top Sport

Глупав потег на Чалханоглу

Хакан Чалханоглу го обележа дербито Милан-Интер (1:1). Турскиот репрезентативец, во летниот преоден рок, од Милан како слободен играч се пресели во Интер.

Чалханоглу, во раната фаза на натпреварот, избори пенал, инсистираше тој да го шутира и потоа погоди за предност на Интер. Откако го постигна голот, Чалханоглу славеше пред трибината на која беа навивачите на Милан.

„Покажа непочитување кон поранешниот клуб и навивачите. Не требаше да го направи тоа, бидејќи тој од Милан замина како слободен играч“, смета поранешниот фудбалер на Јувентус, Алесио Такинарди.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');