Италијанска „Газета дело Спорт“ пишува дека најверојатно завршува ангажманот на Аргентинецот, Мауро Икарди во екипата на ПСЖ.
Информациите оттаму се дека „глупостите“ на неговата менаџерка и сопруга, Ванда Нара ги натерале „светците“ да не го откупат договорот (клаузулата е 70 милиони евра) на напаѓачот кој игра во францускиот шампион како позајмен играч на Интер.
Во ПСЖ се револтирани што Нара одлучила со својот сопруг да го напуштат Париз и да заминат во Милано и тоа заедно со нивните 3 деца. Токму поради тоа, Ванда Нара беше мета на критики и од нејзиниот поранешен сопруг, Макси Лопез.
Според пишувањата на „Газета“, овој потег посебно го изреволтирал спортскиот директор на ПСЖ, Бразилецот Леонардо кој наводно решил да го одлободи Икарди од обврските и пред сезоната официјално да биде завршена.
На овој начин, се отвора можноста Јувентус да се впушти во трка по Аргентинецот кој е нивна дамнешна желба.