Top Sport

Гнабри се смееше на минута молк, па за 20 минути ја „размонтира“ Аргентина (видео)

Серж Гнабри не застанува! Откако прво го навлече бесот на јавноста со однесувањето за време на минутата молк за жртвите на терористичкиот напад во Хале, потоа на теренот во пријателскиот меч со Аргентина за 20 минути постигна еден гол и имаше една асистенција.

Во источниот германски град Хале се случи напад на вооружено лице кое уби еден човек во продавница за кебаб, и една жена во близината на локалната синагога при прославата на еврејскиот празник Јом Кипур.

Мечот во Дортмунд започна со минута молк, но на Гнабри нешто му беше очигледно смешно откако не успеа да не се насмее на камерата.

Но, кратко потоа сè му беше простено. Фудбалерот на Баерн во својот 11. настап во националниот дрес го постигна 10-тиот гол во 16. минута, за само шест минути подоцна да му асистира на Каи Хаверц за 2:0.

Scroll to Top