Top Sport

Го бара пола Европа, тој го продолжи договорот со Спортинг

Најефикасниот играч од редот за врска, играчот на сезоната во Португалија, Бруно Фернандеш, го продолжил договорот со Спортинг од Лисабон. Минатата сезона Фернандеш одиграл 52 натпревари и постигнал 31 гол.

Бруно Фернандеш во летниот преоден рок беше пред заминување од Спортинг. Двата клуба од Манчестер, Сити и Јунајтед и Тотенхем беа заинтересирани за него, но поради цената се откажаа можниот трансфер. Спортинг за својот капитен бараше помеѓу 60 и 70 милиони евра.

Медиумските шпекулации говореа дека тој во јануарскиот преоден рок сигурно ќе замине од Лисабон, меѓутоа тој ги изненади сите со одлуката да го продолжи договорот.

„Горд сум, го препознаа мојот труд. Потпишав нов договор, овде ми оди добро. Секогаш давам се од себе за да му помогнам на клубот да напредува“, рекол Фернандеш.

Според новиот договор Фернандеш ќе остане во Спортинг до јуни 2017 година.

Овој португалски репрезентативец стана член на Спортинг во јуни 2017 година, претходно настапувал за Сампдорија, Удинезе и Новара. кариерата ја започнал во младинските категории на Боавишта.

Scroll to Top