Top Sport

Го доведоа во февруари, го продадоа во јули – не сакал да се вакцинира

Канадскиот фудбалски клуб Монтреал го продаде својот напаѓач Ерик Хуртадо по 5 месеци затоа што тој не сакал да се вакцинира против Ковид 19.

Торонто и Монтреал се единствените два клуба од Канада кои се натпреваруваат во МЛС лигата, а до сега беа приморани да тренираат и да играат на неутрален терен во САД. Неодамна им беше допуштено да можат со воз да патуваат од една во друга земја, но само за оние фудбалери и членови на клубот кои се вакцинирани против коронавирус.

Токму тука настанал проблемот со Хуртадо кој одбивал вакцинација, па од клубот го продале за 200.000 евра.

„Имаше интерес за овој фудбалер, а откако ја слушнавме понудата, одлучивме да го продадеме. Проблематична е неговата ситуација со ковидот“ рече спортскиот директор на Монтреал.

Scroll to Top