Фудбалскиот клуб Раднички од Ниш се засили со репрезентативецот на Иран, Ребин Сулака. Дваесет и седум годишниот фудбалер веројатно вечерва ќе дебитира за новиот тим против Војводина.
За јавноста во Србија Ребин стана интересен дека пред да ја прифати понудата за новиот клуб се „консултирал“ со Гугл.
„Менаџерот ми кажа дека Раднички се интересираат за мене. На Гугл побараф информации, дознав дека станува збор за клуб со голема традиција, кој минатата сезона завршил на второто место. Играа квалификации за Лига Европа, а амбициите се повторно да се избори пласмна во европските купови. Долго време играв во Азија, поради што решив повторно да се испробам на европскиот континет. Имам желба да му помогнам на клубот да ги оствари амбициите“, рекол поранешниот играч на Ал Шаханија од Катар.
Сулака за репрезентацијата на Иран има одиграно седум натпревари.