Top Sport

Го ограбија судијата кој му даде црвен на Игуаин, му ги земаа и свирчињата!

Италијанскиот судија Паоло Мацолени, кој му даде црвен картон на Гонзало Игуаин на дербито Милан-Јувентус во неделата, очигледно имал причина да биде нервозен.

Според весникот „Л’Еко ди Бергамо“ минатата недела крадци влегле во неговата семејна куќа му украле два компјутери, автомобилот на неговата сопруга и дури неколку судиски свирчиња.

Иинцидентот се случил во петокот на 8 ноември во семејната куќа на Мацолени во Алцано Ломбардо.

Scroll to Top