Top Sport

Го прашале Кантона: Кој е подобро да стигне до титула – Ливерпул или Сити? (видео)

Ерик Кантона е легенда на Манчестер јунајтед, и секако не му беше мило кога беше запрашан кој би сакал да ја освои титулата од Премиер лигата, градските ривали Манчестер сити или историските ривали Ливерпул. Французинот, нормално даде уникатен одговор.

„Никој! Тоа е како да ме прашате дали сакате забите да ми се направени од дрво или нозете да ми се направени од сунѓер“, одговори Кантона за „Педи пауер“.

Кантона, кого во последно време го поврзуваат со позицијата директор на фудбал на Јунајтед, верува дека „ѓаволите“ се на вистински пат благодарение на Оле Гунар Солскјер.

„Тој ја врати душата на клубот и гледате дека е инспириран од Алекс Фергусон. Тоа е како Јохан Кројф и Пеп Гвардиола во Барселона – Оле е духовниот син на Алекс. Не стануваат сите фудбалери добри менаџери, но некои од нив можат. За мене е важно во Манчестер јунајтед да има некој кој ја разбира душата на клубот“, вели 52-годишниот Кантона.

Scroll to Top