Top Sport

Го прави ли ова намерно? Бејл со голферска техника на тренингот на Реал (видео)

Герет Бејл повторно им оди на нервите на навивачите на Реал Мадрид, откако шпанските медиуми објавија снимки од тренинзите на шпанскиот клуб, на кои Велшанецот очигледно работи на својата голферска технника.

Одамна е познато дека Бејл има огромна љубов кон голфот, но во Шпанија ова стана контроверзно откако тој се фотографираше со банерот „Велс. Голф. Мадрид. Во тој редослед“ минатиот месец, налетувајќи на груби реакции од шпанскиот печат и на непријателски прием од навивачите на Реал.

Scroll to Top