Клуб Бриж и Антверпен ќе го одиграат финалниот меч во Купот на Белгија на 1 август во Брисел, одлучиле челниците на Фудбалската федерација на Белгија.
Оваа одлука е помалку контроверзна бидејќи Белгијците први во Европа решија да го прекинат првенството и го прогласија Клуб Бриж за шампион.
Двата тима во февруари изборија пласман во финалето. Антверпен до два натпревари беа подобри од Кортјик, а Бриж од Варегем.
Финалето требаше да се одигра на 22 март, меѓутоа беше откажано поради коронавирусот.
Мечот за трофејот во Купот на Белгија ќе се одигра на стадионот „Крал Бодуен“ без присуство на публика. Одлуката е донесена по состанокот кој првите луѓе на двата клуба, челниците на Федерацијата и Лигата го одржале со градските власти на Брисел и полицијата.
На тој состанок биле договорени сите детали околу тоа каков ќе биде протоколот за безбедност.