Шпанскиот репрезентативен голман, Давид Де Хеа, им се врати на обврските во клубот. Тој настапи за Манчестер јунајтед против Реал, во Мајами, во натпревар одигран во рамките на Интернационалниот куп на шампионите.
Иако мечот беше пријателски, колегите на Де Хеа од шпанската репрезентација Марко Асенсио и Лукас Васкез, малку и невкусно го провоцираа голманот.
Во тунелот, двајцата играчи на Реал Де Хеа го „прекрстиле“ во Лорис Кариус.
Де Хеа имаше лош настап на Светското првенство, прими шест гола на четири натпревари, за еден беше директно виновен, а одбрани само еден шту кон неговиот гол.
Поради тоа шпанските медиуми го споредуваа со Лорис Кариус. Голамнот на Ливерпул имаше катастрофални интервенции во финалето во Лигата на шампионите.
Marco Asensio calling David de Gea “Karius” as the players were in the tunnel for the Real Madrid vs Man Utd friendly. pic.twitter.com/4ctVx7jZu7
— Anfield Express (@AnfieldExpress) August 1, 2018