Top Sport

Го продаде Њукасл, сега ќе го спасува Дерби Каунти

Мајк Ешли, доскорешниот сопственик на Њукасл Јунајтед има нови планови.

„Мирор“ пренесува дека тој е подготвен да продолжи со вложувањаа откако Њукасл го продаде за 305 милиони фунти.
Информациите се дека Ешли сега сака да ги купи акциите на Дерби Каунти, клубот кој во моментов го предводи поранешниот ас на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.

Ешли, кој е сопственик на фирмата „Sports direct” 14 години беше на чело на Њукасл. Седиштето на неговата фирма е во Шајербрук, на само 48 километри од „Прајд парк“ домот на популарните „овни“. Дерби е во големи финансиски проблеми и се чини дека за клубот би можело да е добро решение.

Клубот сезонава е казнет со одземање 12 бодови поради влез во „црвена зона“, така да Руни има тешка задача да го спаси клубот од испаѓање од Чемпионшип.

Scroll to Top