Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитиревски беше актер на најдолгиот натпревар во историјата на шпанскиот фудбал. Рајо Валјекано и Албасете синоќа го завршија натпреварот од 20 коло во Сегунда кој започна на 15 декември.
Натпреварот на „Валјекас“ пред шест месеци беше прекинат по завршувањето на првото полувреме. Играчите на Албасете тогаш не сакаа да излезат на теренот во вториот дел бидејќи домашните навивачи го навредуваа нивниот соиграч Роман Зузулија.
Дулелот кој беше прекинат на 15 декември не можеше да биде дигран поради пандемијата на коронавирусот.
Услови за тој да продолжи се стекнаа по 178 дена.
Рајо Валјекано победија со 1:0 со голот на Адвинкула постигнат во 61 минута. Албасете второто полувреме го играше со играч помалку, бидејќи во првиот дел во декември беше исклучен Еди Силвестре.
Столе Димитриевски успешно го бранеше својот гол.
Рајо Валјекано со оваа победа дојдоа до седмото место на табелата со 43 бода, три помалку од Елче кој се наоѓа во пле-оф зоната, Албасете се на 19 место со 35 бода.
Вечерва ќе продолжи натпреварот кој започна пред шест месеци