Стрелецот на голот во 90 минута, со кој Германија во Амстердам ја победи Холандија 3:2, Нико Шулц, открил каде би сакал да ја продолжи кариерата. Тој не крие дека самодовербата му пораснала по тој натпревар.
„Сонот ми е да играм на највисоко ниво, а Интер е клубот од моите сништа. Сепак, јас веќе играм во голем клуб каков што е Хофенхајм и среќен сум тука. Секако дека ќе бидам среќен и доколку решат да ме продадат по завршувањето на сезоната“, рекол 25 годишниот лев бек.
Шулц има договор со Хофенхајм до 2021 година, што значи дека летниот преоден рок е една од последните шанси клубот да оствари приход од неговиот трансфер.
Хофенхајм во 2017 година на Борусија Менхенгладбах ѝ платите 2,7 милиони евра за Шулц, а неговата сегашна вредност се проценува на 18 милиони евра.