Top Sport

Годин ќе го напушти Интер

Диего Годин по само една сезона ќе го напушти Интер тврдат италијанските и шпанските медиуми.

Уругваецот кој една деценија беше столб на одбраната на Атлетико Мадрид, минатото лето во слободен трансфер се пресели во Интер.

На „Џузепе Меаца“ не се снајде, најмногу поради формацијата 3-5-2 што ја форсира тренерот Антонио Конте.

Од почетокот на сезоната искусниот Уругваец, во сите натпреварувања, има одиграно само 16 напревари. Во дефанзивата покрај Де Фрај и Шкрињар Конте многу повеќе го користи 20 годишниот Бастони.

Годин има договор до 2022 година, меѓутоа бил подготвен да ги разгледа сите опции, а многу веројатено е дека тој ќе се врати во Шпанија.

Scroll to Top