Кристијано Роналдо е синоним за беспрекорна физичка подготвеност. Италијаните се импресионирани од еден податок што го исфрлија статистичарите два дена по спектакуларниот меч што го одиграа Јувентус и Наполи.
Јуве во саботата славеа над Наполи 4-3 и тоа со авто-голот на Кулибали постигнат во последните секунди од натпреварот, иако претходно имаа предност од 3-0.
На овој натпревар Роналдо во 15 минута имал неверојатен спринт. 34 годишниот Португалец за помалкуод 10 секунди од пред својот стигнал до шеснаесетникот на противникот. Роналдо трчал со брзина од 33,12 километри на час.