Top Sport

Гол на Жервињо во стилот на Марадона (Видео)

Жервињо, поранешниот репрезентативец на Брегот на Слонова коска, сезонава се врати во италијанскиот фудбал, го облече дресот на Парма и на дебито пред две кола против Јувентус покажа дека ќе биде големо засилување за клубот од „Енио Тардини“.

Парма, попладнево, го победи Каљари со 2:0, а Жервињо постигна прекрасен гол, во стилот на Диего Марадона.

Напаѓачот освои топка на својата половина, мина крај двајца играчи, а потоа со помош на дирекот го постави конечниот резултат 2:0.

Scroll to Top