Top Sport

Гол од офсајд признат поради огромното знаме (видео)

Во текот на изминатата година имаше многу примери во кои видео-помошта на судиите (ВАР) не функционира така како што е замислено, но од Португалија можеби доаѓа најзабавиот пример.

Во понеделникот, Боависта загуби со 0:3 на гостувањето од Авеш, и покрај тоа што еден од головите беше постигнат од очигледна офсајд позиција.

За жал, судијата не можеше да го потврди тоа, бидејќи огромното знаме на Боависта ја блокираше камерата. Уште поиронично името „Боависта“ на португалски значи „добар поглед“.

Scroll to Top