Top Sport

Гол разлика 101:0 по само седум натпревари!

Женскиот тим на Осиек можеби е најдоминантниот во историјата на фудбалот, откако во првите седум натпревари од сезоната имаат неверојатна гол разлика од 101:0.

Иако головите се распределени низ целиот тим, најдобриот стрелец Лорена Балиќ има дури 32 гола во тие седум натпревари. Само еднаш оваа година тимот на Осиек не стигна до двоцифрена предност, кога ги победија Аграм со 9:0. Последниот меч беше против Трнава, кој го добија 24:0.

„Добро е што за секој нареден меч наоѓаме дополнителен мотив, така што противничките губат двоцифрено. Оваа сезона посебно не мотивираше засилениот тим на Сплит, кој исто така има максимален скор, но со значително помала гол-разлика (44). Ќе видиме во првиот меч кој е подобар“, вели една од најдобрите фудбалерки на Осиек, Кристина Невркла.

 

Scroll to Top