Милан стигна до четвртата победа оваа сезона во Серија А во возбудлив меч против Сампдорија, со 3:2, неочекувано полно со голови во неделната програма во италијанскиот фудбал.
Патрик Кутроне, освежен со обновувањето на договорот со „росонерите“, донесе водство за домаќините во 17. минута по одличната асистенција од Сусо, но потоа на сцена стапи ветеранот на Самп, Фабио Кваљарела, кој за десетина минути направи вистински пресврт за гостите. Прво во 21. минута му даде топка на Сапонара, кој постигна фантастичен гол, за десет минути подоцна самиот да се запише во листата на стрелците со уште еден убав гол овојпат на асистенција на Сапонара.
Милан не беше подготвен да се откаже. Во 36. минута, Кутроне одлично го најде Гонзало Игуаин во шестнаесетникот за ирамнување, а во 62. минута, Сусо постигна уште еден убав гол за водство на „росонерите“.
Со оваа победа, Милан се на седмото место во Серија А со 15 поени, една позиција зад Сампдорија, која има ист број на бодови, но подобра гол разлика.
СЕРИЈА А, 10.КОЛО
Сасуоло – Болоња 2:2
Каљари – Киево 2:1
Џенова – Удинезе 2:2
СПАЛ – Фросиноне 0:3
Милан – Сампдорија 3:2
Фото: ЕПА