Македонија успеа да го израмни резултатот против Италија на 1:1.
Во првиот натпревар во кој ја предводи Македонија со капитенската лента, Енис Барди постигна спектакуларен гол. Во 81. минута од слободен удар од 23-24 метри, Барди го погди спротивниот агол од голот на Донаруна.
Со овој гол Барди ја поништи предноста на Италија, која ја донесе Имобиле во 47.минута.
Барди го постигна 15. гол во дресот на Македонија.
Фото/gazzetta.it