Top Sport

Голчиште на Бернардо Силва, Сити ги „гази“ Спортинг (обновено)

Бернардо Силва постигна фантастичен гол против својот стар ривал Спортинг Лисабон (Португалецот е „дете“ на Бенфика), за да најави убедлива победа на Манчестер сити на гостувањето во неговата татковина, откако по само 32 минути игра е 0:3 за англискиот шампион.

Прво Ријад Марез во 9. минута го постигна својот шести гол во Лигата на шампионите оваа сезона за рано водство, по што Силва по еден корнер, се најде на вистинското место и упати неодбранлив удар. Марез во 23. минута од мечот го пронајде Фил Фоден за 0:3

Scroll to Top