Top Sport

Голчиште на Родри, Сити поведоа против Баерн

Додека цел фокус беше на Ерлинг Халанд и на тоа дали норвешкиот голгетер ќе успее да ја продолжи фантастичната голгетерска серија и против Баерн Минхен, клуб кој никогаш не го победил, Родри блесна во 27. минута со неверојатен гол за Манчестер сити да поведат со 1:0 во првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите.

На силниот дожд во Манчестер двата клуба играа внимателно, пред во 27. минута, Родри прво да го изигра Џамал Мусијала, а потоа да го остави Зомер без шанса за одбрана.

Scroll to Top