Црвена звезда се соочува со сериозна казна од УЕФА, поради инцидентот што го предизвикаа нејзините навивачи, по завршувањето на натпреварот со Митјиланд. „Делиите“, фрлаа разни предмети кон судиите, кога тие го напуштале теренот. Го погодиле кондицискиот тренер Федерико Паночини.
Според српските медиуми, членот на стручниот штаб на Црвена звезда, веднаш бил хоспитализиран. Од друга страна „Моцарт спорт“, објави дека погоден бил и еден од судиите, Петер Богнар, инаку брат на главниот судија Томаш Богнар.
Делегатот на натпреварот ги нотирал сите инциденти. Црвена звезда ја очекува казна, која ќе биде драстична доколу се утврди дека помошникот на главниот судија бил погоден со тврд предмет.
Поради дивеењето на навивачите, Црвена звезда беше казнета на првите два натпревари во новата сезона. За да не бидат празни трибините, УЕФА на тие натпревари дозволи присуство на деца до 14 години.