Холандскиот фудбалер од средниот ред, Мохамед Амине Ихатарен, член на Јувентус кој е на позајмица во Сампдорија размислува да ја прекине фудбалската кариера иако има само 19 години, пишува „Калчомеркато“.
Ихатарен важи за еден од најголемите таленти на светскиот фудбал. Минатото лето дојде во Торино од редовите на ПСВ Ајндховен, па веднаш беше испратен на „калење“ во Сампдорија.
Младиот фудбалер „експлодираше“ во дресот на холандскиот тим. На 74 меча постигна 10 гола, а со „Старата дама“ потпиша до 2025 година.
Сепак, сега се бори со силна депресија по смртта на татко му.
Последните месеци размислува да го остави фудбалот, а моментно е во Холандија.
19-годишникот по потекло е од Мароко.
Останува да се види дали ќе успее да ја надмине ситуацијата.