Пари Сен-Жермен, Манчестер сити и Реал Мадрид се во трка за фудбалерот од средниот ред на Милан, Исмаел Бенасер, во „луда“ трка по потписот на Алжирецот.
Повеќе извори во Италија тврдат дека големите клубови се подготвени да ја платат неговата откупна клаузула од 50 милиони евра и да го донесат 22-годишниот Бенасер, но сега „Калчомеркато“ тврди дека оваа клаузула е активна само од 2021 година, што значи дека тие ќе мораат директно да преговараат со „росонерите“.
Милан плати 16 милиони евра на Емполи за потписот на Бенасер минатото лето, по што тој импресионираше во инаку недоволно импресивниот тим на „росонерите“.