Top Sport

Големи проблеми за Реал пред Ел класико

Реал Мадрид, синоќа победија во Палма де Мајорка и стекнаа огромна предност над ривалите во трката за шампионската титула. Реал има десет бода повеќе од Севилја и 15 од Барселона и Атлетико Мадрид.

Убедливата победа над Мајорка (0:3), Реал, скапо ја платија. На овој натпревар се повредија Родриго, Ферлан Менди и Карим Бензема. Најмногу, стручниот штаб, го загрижува повредата на Бензема, кој игра во неверојатна форма.

Наредните денови ќе покажат дали Карло Анчелоти ќе може да смета на напаѓачот во дербито со Барселона.

Реал ќе ја пречека Барселона на 20.март.

Scroll to Top