Top Sport

Големото срце на Меси – донација за нова клиника во Барселона

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, преку сопствената фондација успеа да собере 30 милиони евра за развој на клиника за борба против ракот кај децата во Барселона

Самиот Меси ги уплати последните потребни 2.7 милиони евра за да се комплетира сумата од 30 милиони за изградба на проектот во болницата „Сант Жоа де Деу“ во каталонската престолнина.  Акцијата за собирање средства започна минатата година во една од најголемите донаторски кампањи во Шпанија.

„Со оваа иницијатива продолжуваме да се бориме против оваа сурова болест. Соработката ги прави работите полесни и среќен сум што можам да помогнам“, изјави Меси.

Кога ќе биде комплетирана, во клиниката ќе може да се лекуваат 400 пациенти годишно и директорот на болницата, Мануел дел Кастилјо е благодарен на Меси за помошта.

„Ова беше многу емоционална година за нас, но финалето со големата донација беше голем момент. Благодарни сме на фондацијата Лионел Меси и на сите донатори кои помогнаа“, изјави Кастилјо.

Scroll to Top