Top Sport

Голман како напаѓач, гол со глава во 104.минута (Видео)

Голманот на Шимицу С-Пулс, Џуди Рокутан е вистински херој на својот тим, тој го постигна израмнувачкиот гол за 3:3, против Висел Кобе. Рокутан им ја одзеде победата на Иниеста, Подолски и останатите во 104.минута!

Нервозен меч одиграа Шимицу и Висел, гостите испуштија предност од 1:3, а мечот го завршија со двајца играчи помалку.

Даглас го намали резултатот на 2:3 во 87.минута, потоа судијата покажа дека ќе надополни четири минути, но во судиското време траеше 14 минути.

Поради опасниот старт на Велингтон, судијата го исклучи Бразиелцот, меѓутоа настана и вистинска мешаница на теренот помеѓу играчите и тренерите. Поради тоа судиското време траеше 14 минути, Шимицу избегнаа пораз буквално во последниот напад.

Scroll to Top