Џенаро Гатузо не успеа да стигне до победа во својот прв меч како тренер на Милан, откако голманот на Беневенто Алберто Брињоли даде гол во последните секунди од натпреварот за 2:2.
За Беневенто ова е првиот поен во Серија А, откако претходно имаа рекордни 14 порази во низа пред неделната пресметка, но овојпат ја израдуваа својата публика на стадионот „Чиро Вигорито“ и го шокираа Гатузо, кој го замени Винченцо Монтела како главен тренер оваа недела.
Џакомо Бонавентура го постигна водечкиот гол за Милан пред полувремето, но по 60. минути игра Романецот Георге Пушкаш израмни на 1:1. Никола Калиниќ само шест минути подоцна врати за ново водство на Милан.
Црвениот картон на Ромањоли им даде надеж на домаќините за изненадување, но шансата не дојде до петтата минута од судиското продолжение, кога Брињоли со фантастичен удар со глава го шокираше Донарума.