Top Sport

Голманот игра со рака, Суарез бара пенал (Видео)

Уругвај со победата над Чиле од 1:0 го обезбеди првото место во Ц-групата на Копа Америка и си обезбеди дуел во четврт-финалето против Перу. Чилеанците во оваа фаза ќе имаат тежок противник во репрезентацијата на Колумбија.

Инаку дуелот во Рио де Жанеиро го реши Кавани со голот во 82 минута, а ќе се памети по потегот на Луис Суарез во 22 минута.

Напаѓачот на Барселона и Уругвај е еден од најдобрите на својата позиција во изминатат деценија, но исто така е познат и по своето неспортско однесување. На сите им е јасно дека Суарез не бира средства за да ја оствари целта.

Во 22 минута успеа да се избори за позиција упати удар кон голот на Чиле, но неговиот удар го одбрани голманот, а Суарез ги запрепасти сите кога почна да бара пенал.

Scroll to Top