Голманот Марко Јовановски кариерата ќе ја продолжи во Романија, во екипата на Луцеафарул Орадеа.
Клубот во изминатиот период добил нов сосптвеник кој за во иднина имал амбициозни планови. Сезонава примарна цел е да клубот да избори опстанок во втората лига, а од наредната сезона да се вклучи во борбата за влез во најсилното романско фудбалско друштво.
Орадеа во моментов по 21 одигран натпревар се наоѓа на 16. место на табелата во конкуренција на 20 екипи. Јовановски ќе биде еден од четворицата странци во клубот.
„Пријатно сум изненаден од клубот и од пречекот. Очекувањата ми се големи и се надевам на заемен успех“, изјави Јовановски за „Топспорт“.
Марко Јовановски од крајот на ноември минатата година беше без клуб откако спогодбено го раскина договорот со Пелистер.Тој во кариерата бил дел од работнички, Вардар, Тетекс, Шкендија и Етникос (Кипар).