Top Sport

Голманот Мартинез бара поголема шанса или си заминува од Арсенал

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез го предупреди Арсенал дека е подготвен да замине од клубот ако следната сезона не добива повеќе шанси да биде во првиот тим.

27-годишниот Мартинез импресионираше како замена за повредениот Бернд Лено и беше еден од хероите на Микел Артета при освојувањето на титулата од ФА купот со победата над Челси. Арсенал загубија само двапати во 11 меча во кои тој беше стартер.

Аргентинецот чекаше цела деценија да влезе во првиот тим на „топчиите“ откако се приклучи на клубот од северен Лондон како 17-годишник во 2010 година

„Покажав на клубот дека можам да играм на највисоко ниво и сакам да се вратам следната сезона со повеќе натпревари. Целта е да бидам стандареден голман на Арсенал и на аргентинската репрезентација. Нема да сопрам додека не го добијам тоа, а ако не можам во Арсенал, нормално е да размислувам за друга шанса“, вели Мартинез за аргентинските медиуми.

Од сиромаштија до слава на „Вембли“ – емотивната приказна на Емилијано Мартинез

Scroll to Top