Матија Перин, голманот на Јувентус кој е на позајмица во екипата на Џенова ја прележа короната која повторно прави големи проблеми во Италија. Почнаа и проблемите во Серија А поради бројот на заразени и откажани мечеви.
Перин јавно го искажа својот став кој е различен од оној на Светската здравствена организација.
„Оваа болест може да ја фатиме додека сме во такси или пак со притискање на копче во лифт. Сите во моето семејство се негативни. Роналдо беше заразен исто како и Доналд Трамп, па короната е наречена смртоносна. Луѓето мора посериозно да ја разберат ситуацијта. Сигурен сум дека коронавирусот е направен во лаборатпрја и дека не потекнал од ќивотни“ – рече Перин.