Top Sport

Голманот на Флитвуд заработи пица за цела година!

Флитвуд таун, англискиот третолигаш, успеа да ги „заддржи“ Лестер сити со 0:0 во третото коло на ФА купот, нешто за што најмногу ќе се радува нивниот голман, Крис Нил.

Со тоа што успеа да не прими гол против премиерлигашот, Нил стана добитник на пици за цела година од спонзорот на мечот „Папа Џонс“.

Според „облогот“, Нил заработуваше еден месец бесплатна пица за секои 7.5 минути во кои не прими гол, за на крајот да добие едногодишна „претплата“ кога натпреварот заврши 0:0, иако во последните минути од мечот, Лестер двапати го удираше дирекот.

Scroll to Top