Голманот на Олимпик Лион, Ентони Лопез синоќа заврши одлична работа на мечот против Манчестер Сити во Лисабон. Не им дозволи на офанзивците на Сити да се размавнат по неговиот гол.
Францускиот тим направи две огромни изненадување сезонава во најквалитетното фудбалско друштво во Европа. Најпрво во два меча беа подобри и го елиминираа Јувентус со Кристијано Роналдо, а синоќа го „земаа скалпот“ и на Манчестер Сити на Пеп Гвардиола.
Во полуфиналето Лион го очекува уште еден гигант – Баерн Минхен.
„Неверојатно е, ние сме тим за изнендувања. Навистина сме среќни што сме на нивото на кое е и Манчестер Сити. Играте фудбал поради вакви мечеви. Сега сме во полуфинале и ќе се обидеме да продолжиме во ист ритам. Ќе одмориме малку и добро ќе се подготвиме за Баерн“ – рече Лопез.
Тој дуел ќе се одигра во Лисабон, во среда од 21 часот.